Дома Фудбал Лига на шампиони Ако некој знае како против Реал Мадрид тогаш тоа е Гвардиола

Ако некој знае како против Реал Мадрид тогаш тоа е Гвардиола

Пеп Гвардиола можеби конечно ги дочека своите „пет минути“ по освојувањето на титулата со Барселона. Манчестер Сити вчера апсолутно го надигра Реал Мадрид и стигна до второто финале во историјата.

Во финалето во Инстанбул Реал Мадрид го чека Интер, а „граѓаните“ се големи фаворити да стигна до европската титула која толку им недостасува.

Ливерпул викендов може да ја освои титулата во Премиер лига ↓↓↓


Гвардиола во Сити ја пронајде добитната формула и игра во можеби најдобрата форма во последните неколку години. Пеп со пласманот во финалето стана еден од петмината тренери со најмногу натпревари за освојување на овој троифеј, само Анчелоти има повеќе.

Исто така Гвардиола стана првиот тренер во историјата кој трипати ги исфрлил „кралевите“ од Лигата на шампионите. Прво со Барселоан во 2011 исто така во полуфиналето, потоа во 2020 година во осминафиналето со Сити исто така ги елиминираше „кралевите“.

Шпанскиот стратег се изедначи и со Ливерпл кој како клуб му го нанесе најтешкиот поразна Реал во Лигата на шампионите. „Црвените“ во 2009 година со 4:0 славеа на „Енфилд“ во 2009 година.

Вчерашната победа за Гвардиола беше и јубилејна 100-та во Лигата на шампионите со што е трет на вечната листа зад двајцата великани Алекс Фергусон и поразениот од вчера, Карло Анчелоти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Спектакуларен трансфер во најава: Палмер го напушта Челси и се сели во ривал!?

Кол Палмер, од неговото доаѓање во Челси, важи за еден од најдобрите играчи во овој клуб, …