Во Македонија се уште на сила е забраната за публика на спортските настани.
На оваа ситуација сега реагираше една од најпознатите фан страни за Вардар „Екипа Пиво“, нив ги подржа и официјалната страна на „Комити“.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Имено тие прашуваат зошто стадионите се затворени ако во Золошката Градина во Скопје во последниот викенд имало околу 17.000 посетители.
Реакцијата ви ја пренесуваме во целост:
“Според информациите на некои медиуми, изминатиов викенд Зоолошката градина во Скопје ја посетиле околу 17.000 посетители. Толку посетители нема на годишно ниво низ стадионите во Македонија, а посебно не на Градски стадион Скопје. Тука се поставува прашањето, дали ова е чиста дискриминација врз навивачите во Македонија!? Очигледно дека е така!
Дозволени се протести, кадешто во никој случај не се запазуваат мерките за заштита; дозволени се преполни кафани во затворен простор кадешто исто така не се запазуваат мерките; дозволено е илјадници посетители дневно во зоолошки градини и паркови; дозволно е групирање за оддавање почит кон некоја личност…
Сепак НЕ Е ДОЗВОЛЕНО следење на еден фудбалски натпревар на Градски стадион, на отворен простор, којшто има капацитет од 35,000 и е повеќе од доволен за Вардаровите навивачи да почитуваат мерки. Доволно е 10% од капацитетот на стадионот да биде отворен за Вардаровите навивачи!
СТОП ЗА ДИСКРИМИНАЦИЈАТА ВРЗ НАВИВАЧИТЕ!
ОТВОРЕТЕ ГИ СТАДИОНИТЕ!“.