Од сезоната 2024-25 стартува нова ера во Лигата на шампионите.
Форматот ќе се менува и повеќе нема да го гледаме сегашното натпреварување по групна фаза, туку ќе има лигашки систем. Во овој нов систем место сегашните 32 екипи ќе се натпреваруваат 36.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Ќе ви ги претставиме клубовите кои имаат многу мали стадиони, а веќе обезбедија учество во Лигата на шампиони.
Естади Монтилви
Клуб: Џирона ФК (Ла Лига)
Капацитет: 14.624
Големото изненадување оваа сезона во Ла Лига го обезбеди првото историско учество во Лигата на шампионите. Џирона изгледа не се гордее со својот мал стадион бидејќи засега е рангиран како најмал во натпреварувањето и далеку од стандардите на УЕФА.
Остануваат уште 4 месеци до почетокот на сезоната, можеби клубот ќе интервенира во реставрацијата и модернизирање на стадионот.
Френсис-Ле Бле
Клуб: Брест (Лига 1)
Капацитет: 15.931
Екипата на Брест заврши на третото место во Лига 1 и обезбеди учество во Лигата на шампиони. Дека овој мал клуб направил изненадување покажува и фактот што во најелитното натпреварување ќе игра без пристоен стадион, со асиметрични трибини и многу малку простор околу него за паркирање или комерцијални штандови.
Стадион Либенауер
Клуб: Штурм Грац (Австрија)
Капацитет: 16.364
Овај стадион е многу мал, но барем визуелно е симетричен и покриен. Потребна му е мала интервенција, само за естетски работи и може да биде подготвен за големата сцена од Лигата на шампионите.
Стадион Луј II
Клуб: Монако (Лига 1)
Капацитет: 16.360
Иако е многу мал станува збор за еден од најпознатите стадиони во Европа. Монако повторно се враќа на голема сцена и ќе игра во Лигата на шампиони, а стдионот Луј Втори има свој шарм иако е меѓу четирите најмали стадиони на кои ќе се игра ЛШ во сезоната 2024/25.