Дома Македонски спорт Аземи по бронзата во Будва: Сакам да бидам подобар во иднина

Аземи по бронзата во Будва: Сакам да бидам подобар во иднина

Македонскиот боксер Ардијан Аземи денес ја одржа прес-конференцијата по повод големиот успех и освоената бронза на Европското првенство во Будва.

Аземи е среќен за освоениот медал и се надева дека ќе биде уште подобар во иднина.


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


“Ѝ благодарам на федерацијата што ми овозможи да учествувам на Европското првенство, направив се да забележам успех, се надевам дека ќе бидам уште подобар во иднина и следната година особено на светското првенство каде сакам најмалку да го повторам успехот од Будва“ – изјави Аземи на денешната прес конференција. 

Боксерската федерација на Македонија го награди Ардијан Аземи со 120.000 денари повод успехот на Европското првенство во Будва, парична награда е доделена и на тренерот Насер Харуни во висина од 60.000 денари.

На прес-конференцијата зборуваше и претседателот на федерацијата, Примислав Димовски.

„Драго ми е што имаме успех во боксот, по медалите во деведесетите години имавме голема пауза кога се успесите во прашање. По мојот медал во 1995 година, потоа на Чатлески, Гоергиески и Салиху, и оној историски во сениорска конкуренција на Вели Мумин, имаме прв медал од младинско европско првенство. Горди сме на овој успех среќни и радосни, ова е не само наш успех во федерацијата, ова е значаен момент за спортот во Македонија во моменти кога живееме во услови на пандемија. Ги наградивме Ардијан Аземи и Насер Харуни парично, медалистот Аземи со 120.000 денари, тренерот со 60.000 денари. Сакам да истакнам дека покрај нив на европското во Будва настапија и браќата Илхан и Ајхан Озмен и тренерот Васко Цубалевски, благодарни сме за се што направија во промоција на македонскиот бокс. Сакам да упатам посебна благодарност и до Алкалоид и господинот Живко Мукаетов кои го реализираа нашиот ваучер во услови на пандемија и го помогнаа боксот кога беше најпотребно“ – изјави Димовски на прес конференцијата.

Фото: БФМ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Македонските репрезентативци пристигнаа во Рига📷

По победата во Рига против Летонија македонската фудбалска репрезентација денеска пристигн…