Пред екипата на Челзи следната седмица е голем испит, со оглед на тоа дека во рамки на осминафиналето во ЛШ на свој терен ќе ја пречекаат Барселона.
Осминафиналето во ова натпреварување донесе неколку големи судири, а еден од нив е и дуелот помеѓу старите ривали Челзи и Барселона. „Плавите“ не се баш во најдобра форма во последно време, но во минатото знаеа да им наштетат на Каталонците.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Челзи своите надежи ги темели на Еден Азар кој е прва виолина во лондонскиот клуб. Белгиецот пред средбата со Барселона даде интересна изјава за тоа кој е најголемата закана за неговата екипа во двомечот кој следи.
„Кој најмногу ме плаши во Барселона? Па, знаете дека имаат фудбалер кој не е од оваа планета. Тој е поинаков и класа над останатите. Сепак, тоа не е само играч, туку тим кој функционира многу добро. Па, дајте знаете на кого мислам“, истакна Азар.