Дома Фудбал Останато Азар им се извини на навивачите на Реал: Немав намера да ве навредам…

Азар им се извини на навивачите на Реал: Немав намера да ве навредам…

Eден Азар често пати е мета на критики на навивачите на Реал Мадрид, така беше и после вчерашниот натпревар против неговиот поранешен клуб Челзи.

„Кралевите“ беа поразени на „Стенфорд Бриџ“ со 2:0 и така со вкупни 3:1 го завршија настапот во Лигата на шампионите. Азар вчера играше 89 минути, а најмногу на навивачите им пречеше неговото однесување после натпреварот.


Само Португалија е сигурна, Белгија се тресе! ↓↓↓


Белгиецот иако Реал беше елиминиран се смееше и изгледаше како да е прилично расположен во друштво на неговите поранешни соиграчи од Челзи. Преку социјалните мрежи сега испрати извинување.

„Жал ми е. Прочитав многу мислења за мене, немав намера да ги навредам навивачите на Реал. Секогаш сонував да го носам овој дрес и дојдов тука за да победувам. Сезоната не е завршена и мораме да се бориме за Ла Лига. Хала Мадрид“, напиша Азар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Тоа што и се случи на Србија не се случило на никоја друга репрезентација на ЕП

Репрезентацијата на Србија вчера беше елиминирана од Европското првенство откако со ремито…