ФК Вардар во изминатиот период поминува низ едни од најтешките денови во својата историја.
Клубот во Втората лига се бори за влез во најсилната конкуренција и тоа во ситуација кога фудбалерите скоро и да не земаат плата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Денес бил одржан состанок на претставници на навивачката група „Комити“ кои сега се сопственици на клубот со градоначалникот на Аеродром, Тимчо Муцунски.
На состанокот било договорено еден од терените во населбата да се стави на располагање на вардарци.
„На моја и иницијатива на претседателот на Советот на општината Дејан Митески , FK Vardar ќе добие нов спортски терен во Аеродром каде ќе може да ги одржува подготовките, натпреварите и тренинзите. ФК Вардар е име кои има долга традиција, гордост на Македонија и македонскиот спорт, а ние на ваков начин даваме силна и недвосмислена поддршка за клубот.
Денеска, во мојот кабинет остварив средба со претставници на навивачката група Komiti Skopje, која од неодамна е сопственик на клубот. На состанокот разговаравме за иницијатива поврзана со спортскиот терен лоциран во непосредна близина на СЦ „Јане Сандански“.
Oчекувам по завршување на соодветната законска постапка, овој спортски терен да биде ставен на располагање за потребите на навивачите и клубот. Да го поддржуваме македонскиот спорт и да се радуваме на нови успеси!“, објави Муцунски на својот Фејсбук профил.