Работнички го доби потенцијалниот противник за третото квалификациско коло од Лигата на Европа, доколку успее да го елиминира Динамо Минск.
По ремито (1-1) во Скопје, нашиот тим го очекува гостување во Белорусија в четврток. Победникот од овој двомеч во третото коло ќе игра против подобриот од дуелот меѓу АЕК Ларнака (Кипар) и Корк Сити (Ирска).
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
АЕК Ларнака по првиот меч на гости обезбеди предност (0-1), а во овој кипарски клуб настапуваат двајца македонски репрезентативци, Иван Тричковски и Даниел Мојсов.
Според ждребот во Нион, Работнички би бил гостин на првиот меч кој е закажан за 27 јули, а седум дена подоцна би ја имал улогата на домаќин. Сепак, условот за овој дуел е Работнички да успее да го елиминира белорускиот тим Динамо Минск во второто квалификациско коло од Лигата на Европа.
Фудбалерите на Шкендија се наоѓаат пред пласман во третата рунда од квалификациите за Лига Европа.
Доколку тетовци го минат Хелсинки против кого остварија победа од 3-1 на првиот меч, во следната рунда би можеле да играат против шведскиот претставник Норчепинг кој по првото коло има предност од 2-1 против екипата на Тракаи од Литванија.
Шкендија првиот натпревар во третото коло од квалификациите би го играла на домашен терен.