Белгискиот офанзивен играч Аднан Јанузај кариерата ќе ја продолжи во Истанбул Башакшехир.
Иако секогаш игра во солидни клубови Аднан Јанузај никогаш не ги исполни очекувањата од почетокто на кариерата.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Дејвид Мојс во 2013 година му даде шанса да дебитира во дресот на Манчестер Јунајтед и тогаш се појавија најави дека Јанузај ќе биде некој кој може да биде лидер на „новиот Манчестер Јунајтед“, реалноста излезе далеку од тоа.
Ниту Мојс не се задржа долго во Јунајтед, а ниту Јанузај не продолжи онака како што јавноста очекуваше. На 27 години си ја проба среќата во Борусија Дортмунд и Сандерленд на позајмица, подоцна беше дел од Сосиедад и Севиља, никаде не блескаше.
Сега ќе потпише договор со Истанбул Башакшехир клубот кој во овој момент е четвропласиран во турскиот шампионат и повторно ќе биде дел од респектабилен клуб.