Дома Фудбал Германија Адидас направи пропуст, го објави бројот на дресот на Кутињо, па за брзо го избриша постот

Адидас направи пропуст, го објави бројот на дресот на Кутињо, па за брзо го избриша постот

Фелипе Кутињо после Серија А, Премиер лигата, Ла Лига ќе настапува и во четвртата најсилна лига во Европа.

Следната станица во европската авантура која трае скоро 10 години за бразилскиот ас ќе биде Бундеслигата откако договори трансфер во Баерн.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Кутињо во Минхен ќе се пресели на едногодишна позајмица со тоа што Баварците ќе имаат можност да го откупат договорот по крајот на сезоната.

Офанзивецот денеска ќе ги помине лекарските прегледи, а по грешка веќе е објавено кој број на дресот ќе го носи овој 27-годишен играч.

Кутињо ќе игра со бројот 10 кој претходно го носеше Арјен Робен, а пропуст направи Адидас.

Германскиот производител на спортска опрема на Инстаграм му посака добредојде на новата „десетка“ Кутињо, а подоцна објавата беше избришана.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Дерби на денот: Може ли Милан до пресврт во Рим!?

Денес на програмата се реванш четвртфиналните натпревари од Лига Европа, а дербито се игра…