Дома Топ вести Адеми испиша историја: Играч со најмногу настапи за Динамо во Европа

Адеми испиша историја: Играч со најмногу настапи за Динамо во Европа

Македонскиот фудбалски репрезентативец и капитен на Динамо Загреб, Аријан Адеми синоќа влезе во историјата на хрватскиот фудбалски гигант.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Адеми го запиша својот 77. настап во Европа, а со тоа го сруши рекордот на Самир кој имаше 76. настапи за Динамо во европските натпреварувања.

Динамо Загреб обезбеди пласман во нокаут фазата, а со тоа Адеми може да го подобри рекордот за бројот на настапи во Европа.

Адеми овој рекорд ќе го постигнеше уште многу поодамна ако не беше допинг аферата во Динамо, поради која пропушти повеќе натпревари во сезоните 2015/16, 2016/17 и 2017/18.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Teжок удар за Шпанија: Ѕвездата на Барселона го пропушта Мундијалот!

Играчот од средниот ред на Барселона и шпанската репрезентација, Фермин Лопез, ќе го пропу…