Агентот на ѕвездата на Астон Вила, Џек Грилиш негира дека неговиот клиент веќе има договор со Манчестер Јунајтед.
Џонатан Барнет меѓутоа не негира дека за Грилиш би било фантастично доколку од следната сезона игра на „Олд Трафорд“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Немаме никаков договор со ниту еден клуб. Џек во моментов е единствено фокусиран на настапите со Астон Вила. Од друга страна, сметам дека за неговата кариера би било фантастично да игра во ЛШ и да се развива како играч“, истакна Барнет.
„Не сум сигурен во кој клуб и во која држава ќе игра. Но, разговорите за негов трансфер ќе се водат откако ќе заврши сезоната. Секако, дека Манчестер Јунајтед е клуб кој не може да се одбие“, додаде агентот.