Џек Грилиш беше во центарот на вниманието на прославата на Манчестер Сити за освојувањето на Лигата на шампионите која траеше неколку дена, потоа следуваа двата репрезентативни натпревари од кои едниот беше и против Македонија, а сега за првпат даде свој коментар за деновите во кои славеше.
Грилиш сега порача дека не се кае и дека бил свесен за се што прави и само уживал во моментот, но додаде дека и останатите биле расположение, меѓутоа сите само него снимале.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Знам што правам, таков сум кога се забавувам. Во ред, не е секогаш вака, но освоивме тројна круна и тоа не е нешто секојдневно, навистина е голем успех, можеби никогаш нема да се повтори. Уживав во моментите, но не бев единствениот, сите мене ме снимаа. Можам да ви покажам одредени видеа каде што другите се исти како мене.
Никогаш нема да лажам дека не пијам, едноставно така се забавувам. Тоа го правам постојано, го живеам мојот сон и сум дел од најдобриот клуб во светот“, изјави Грилиш.
Ќе потсетиме, Грилиш во 2021 година во трансфер од 120 милиони евра се пресели од Астон Вила во Манчестер Сити.