Марко Асенсио не планира го напушти Реал Мадрид, иако е импресиониран од интересот на други клубови, истакна неговиот агент Орасио Гаџоли.
Медиумите неодамна пренесоја информација дека 22-годишниот фудбалер во јануари би можел да го напушти Реал Мадрид и кариерата да ја продолжи во Премиер лигата. Потоа се појави вест дека за него е заинтересиран Интер.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Марко е почестен што постои интерес од клуб каков што е Интер. Не знам дали тоа е вистина или не, но во овој момент Асенсио нема во план да го напушти Реал“, изјави Гаџоли.
Шпанските медиуми пишуваат дека Асенсио ќе ги пропушти следните четири недели поради повреда, па нема да го гледаме во јануари. Во актуелната сезона настапи на 25 натпревари, а даде четири гола. Асенсио има откупна клаузула од 115 милиони евра.