Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ официјалното враќање на терените по повредата ќе го има на првиот Гренд-слем во сезоната Австралија Опен, а неговиот тренер Андре Агаси тврди дека Србинот може да го освоит турнирот.
„Се уште не можам да се навикнам да давам интервјуа од позиција на тренер. Не сакам врз некого да правам непотребен притисок и да му ги наметнувам своите очекувања. Но, мислам дека за Новак само освоен турнир ќе претставува успех кога ќе се врати на терените, се што е помалку од тоа мислам дека нема да го задоволи. Дали може да го освои Австралија Опен? Да! Секој пат кога тој ќе излезе на теренот јас мислам дека може да победи. Тоа го очекувам од него. Исто така целосно сум подготвен да ја прифатам одговорноста доколку тоа не се случи. Очекувам дека може да биде уште подобар“, изјави Агаси.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Новак, слично како и јас кога бев активен играч, кога има контрола во поенот знае дека нема потреба да презема некаков ризик. На тој начин и јас живеев на тенискиот терен. Но, неговите дефанзивни способности дефинитивно се подобри од моите. Истото важи и за неговиот ритерн. И мојот ритерн беше добар и се потпирав на него. Сепак, јас немав можност да играм дефанзивно со својот ритерн бидејќи не можев на таков начин да го контролирам движењето. Но, кога на таков играч каков што е Ѓоковиќ кога ќе успееш да му го одземеш тоа, тогаш тој мора да игра агресивно. И тогаш тој тоа го прави уште подобро“, додаде Агаси кој по две децении ќе се врати во Австралија, овој пат во улога на тренер.