Дома Луд Спорт Австралиец вложил куп пари во обложувалница и го истетовира хрватскиот симбол на грбот

Австралиец вложил куп пари во обложувалница и го истетовира хрватскиот симбол на грбот

YouTube корисникот кој на каналот Jeffabel and Friends го следат над 600.000 луѓе во своето најново видео одлучи да се позаминава со предвидување на победникот на Светското фудбалско првенство и на луд начин заклучи дека тоа ќе биде Хрватска.

Типот ја подигна цела негова заштеда од банка, потоа на топче напиша износи од 100 до 10.000 долари, а на чашите ги напиша имињата од државите кои имаат шанса да го освојат победничкиот пехар.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Потоа ги измеша топчињата и без гледање извлече едно со кое ги гаѓаше чашите. Топчето падна во чашата од Хрватска, па така тој одлучи да се клади на Хрватска со влог од 3.000 австралиски долари (околу 2.000 евра) дека Хрватите ќе победат на Светското првенство.

Имајќи во предвид дека ова се случуваше пред четвртфиналните дуели од Светското првенство и победата на „Коцкестите“ над Русија, кога Хрватска послабо котираше во обложувалниците, неговата можна добивка сега е околу 14.000 евра. Jeffabel е толку сигурен дека точно го предвидел исходот на Мундијалот, што во таа чест одлучи да си направи и тетоважа на грбот која прикажува победнички пехар обоен со националните бои на Хрватска.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Луд Спорт

Проверете

Гатузо после 22 години ја избричи брадата

Легендарниот Италијанец, Џенаро Гатузо учествуваше во хуманитарната акција „Брадеста аукци…