Фудбалските агенти се и тоа како важен дел од фудбалот денес, а еден од најдобрите кај нас, но и на овие простори сигурно е Никола Ѓошевски кој соработува со повеќе одлични фудбалери и тренери.
Неодамна во Сараево пристигна и Даниел Аврамовски, на барање на Александар Васоски кој ова зимо седна на клупата на босанскиот клуб. Во интервјуто за босанскиот портал „репрезентација.ба“ Ѓошевски зборуваше и за Аврамовски.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Аврамовски беше топ талент кога имаше 18 години, нешто како Елмас. Сите беа убедени дека ќе игра во голем европски клуб. После заминувањето од Работнички беше клучно да избере вистински клуб. Црвена Звезда е одличен клуб, но ниту еден Македонец кој отиде таму во последните години не успеа. Тие имаат свои добри млади играчи и не е лесно да се изборите. Потоа следуваа позајмица, на добар пат се врати дури во Вардар каде што го доведе токму Васоски. Тогаш одигра одлична сезона и се пресели во Кајзериспор. И тоа на крајот беше грешка. Без оглед на се сигурно дека тој е играч кој ќе донесе квалитет на Сараево“, изјави Ѓошевски.
Целото интервју на Ѓошевски – тука.