Дома Македонски спорт Васоски и Сараево пред пласман во финале, првенец за Аврамовски!

Васоски и Сараево пред пласман во финале, првенец за Аврамовски!

Тимот на Сараево славеше победа од 2:0 во натпреварот полуфиналето во Купот на Босна против Игман, а во овој натпревар за тимот кој го води Васоски својот првенец го постигна Даниел Аврамовски.

По еден слободен удар во 28. минута, Шеќеровиќ ја погоди пречката, а одбиената топкја дојде до Аврамовски кој ја смести во мрежата од половина метар.

Сараево со овој триумф не го обезбеди пласманот во финалето затоа што ги чека реванш на гостински терен наредната недела, но секако дека со оваа предност се и тоа како блиску до посакуваната цел.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Осум поени за победнички крај: Ѓорческа ја елиминира третата носителка во Истанбул

Лина Ѓорческа ја совлада Берфу Ченгиз со 3:6, 7:6(1), 6:4 и ја прекина серијата од четири …