Дома Македонски спорт Аврамовски: Навивачите ни се ветер во грб, нека дојдат сите 10.000 со Словенија!

Аврамовски: Навивачите ни се ветер во грб, нека дојдат сите 10.000 со Словенија!

За медиумите денес од репрезрентативците зборуваше Даниел Аврамовски кој како и останатире вети голема борба за репрезентативниот дрес.

Како што одминува време возбудата помеѓу навивачите, но и помеѓу фудбалерите од ден во ден расте.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


„Нормално, возбудата е голема. Ја со младата селекција имам настап на Европското првенство, но сега ова е нешто друго затоа што станува збор за А-тимот. Се надеваме на голем успех, но крајот го краси делото. Позитивната трема се чувствува и сите со нетрпение го чекаме стартот, мотивацијата е на највисоко ниво. Наше е да работиме и да го спроведеме она што го бара селекторот, успехот сигурно ќе дојде“.

Македонија во вторник против Словенија ќе игра пријателски, а за овој натпревар ќе биде дозволено влез на 10.000 публика.

„Кога играме пред нашите навивачи тоа ни е ветер во грб, се надевам дека ќе бидат продадени сите 10.000 влезници и ќе ја имаме таа поддршка. Има голема еуфорија воцелата земја, не контактираа луѓе сакаат да дојдат и да навиваат за нас. Можам да ветам дека ќе гинеме на теренот за да ги израдуваме сите“, изјави Аврамовски.

Фото: ФФМ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Една лига следната сезона ќе има дури шест екипи во Лигата на шампионите

Познати се финалистите на Лига Европа за сезоната 2024/25. Во полуфиналето немаше изненаду…