Иднината на македонскиот напаѓач Бојан Миовски и понатаму е една од главните теми во спортски шкотски медиуми.
Во текот на вчерашниот ден беше објавено дека Селтик во јануари спремен е да издвои најмалку 4.4 милиони евра и да го сруши рекордот кога станува збор за трансферите помеѓу два шкотски клуба.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Миовски молчи на таемата, Абердин во јавноста истакнува дека тој не е на продажба, меѓутоа медиумите во Шкотска пишуваат дека цената веќе била одредена. Наводно секој кој го сака Миовски на Абердин ќе мора да му плати шест милиони фунти, плус обезбедени бонуси во зависност од неговите настапи.
Овие барања наводно биле причина Глазгов Ренџерс да се откаже од трката. Селтик и понатаму важи за фаворит, па останува да видиме што ќе се случува во наредниот преоден рок.