АБА-лигата го казни кошаркарскиот клуб „Карпош Соколи“ „поради неодговорните“ изјави на претседателот на клубот, Огнен Дедиќ, објави лигата на интернет-страницата aba-liga.com.
„Сите знаат дека постои банда што ја води лигата, ја сочинуваат ФМП, „Црвена звезда“, „Будуќност“, „Олимпија“ и „Цедевита“. Дали е нормално на функцијата претседател на АБА-лигата да биде човек што води два клуба во истото тоа натпреварување и која на своите играчи не им исплатил осум плати?“, рекол Дедиќ.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поради изјавите на претседателот Дедиќ, АБА-лигата го казни клубот „Карпош Соколи“ парично со сума од 12.000 евра. Лигата смета дека изјавите му наштетиле на угледот на лигата, а воедно на претседателството ќе му предложи на „Карпош Соколи“ да му биде изречена повеќегодишна суспензија од натпреварувањата што ги организара АБА.
„Карпош Соколи“ доби повик да учествува во втората АБА-лига, која би требало да почне да функционира од оваа есен, а тоа го налути Дедиќ, чиј клуб минатата сезона успеа да избори опстанок во својата деби-сезона во регионалната лига.
По завршувањето на сезоната, АБА го намали бројот на учесници од 14 на 12 поради што Македонија остана без еден претставник, во случајов „Карпош Соколи“.