Легендарниот Џон Оби Микел ја има една од најчудните приказни во овој кризен период.
Додека цел свет се затвара и кога во Европа во голем дел држави е прогласен вонредна состојба, Турците и понатаму играат фудбал. Поранешниот играч на Челзи, Џон Оби Микел ја критикувшае таквата одлука на сојузот во оваа земја, сметајќи дека паметно и Суперлигата во Турција да направи пауза.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Само еден ден подоцна Трабзонспор го отпушти, а Микел потоа испрати силна порака.
„Во животот има и поважни работи од фудбалот. Не се чувствував сигурно и не сакав да играм во таква ситуација. Секој би требало да биде дома со своето семејство во овој критичен период. Сезоната треба да биде прекината како и во останатите првенстви, цел свет се наоѓа во навистина турбулентен период“, гласеше пораката на Микел.
Нигериецот така остана без договор и извесно е дека до крајот на сезоната нема да пронајде нов клуб затоа што сега не ни можат нормално да се завршуваат трансфери, а и прашање е кога и дали првенствата ќе продолжат.
Во Трабзонспор тој пристигна минатото лето како слободен играч и потпиша договор на две години, но од клубот си заминува после само неколку месеци.