Дома Фудбал Останато Епилог од хаосот во Трабзон: Уапсени 12 лица, се огласи и Инфантино

Епилог од хаосот во Трабзон: Уапсени 12 лица, се огласи и Инфантино

Дванаесет лица се уапсени по насилството што изби по натпреварот од турското фудбалско првенство меѓу Трабзонспор и Фенербахче, соопшти денеска министерот за внатрешни работи.

Уапсени се 12 лица кои се идентификувани како инволвирани во инцидентите што се случија по натпреварот Трабзонспор – Фенербахче“, oбјави министерот Али Јерликаја на социјалната мрежа Икс.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Покрај навивачите кои влегоа на теренот, уапсени се и пет лица кои преку социјалните мрежи повикувале на насилство, додаде министерот.

Инцидентот се случи по натпревар кој Трабзонспор го загуби со 2:3 на домашен терен, додека фудбалерите на Фенербахче славеа победа. Навивачите на домашната екипа ги нападнаа играчите и тренерот на клубот од Истанбул, додека голманот Доминик Ливаковиќ беше удрен во глава.

„Апсолутно неприфатливо насилство за кое нема место во нашиот спорт, на или надвор од теренот. Сите играчи мора да бидат безбедни играјќи го овој спорт каде било во светот“, гласеше и реакцијата на Инстаграм на претседателот на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА), Џани Инфантино.

Тој исто така ги повика властите да се погрижат тоа да се почитува и да се казнат одговорните за инцидентот во Турција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Навивачите слават, на повидок важен потпис во Милан

Милан постигна договор со голманот Мајк Мењан за продолжување на соработката, пренесуваат …