Дома Фудбал Џампаоло ќе му направи услуга на Милан ако замине во Турција

Џампаоло ќе му направи услуга на Милан ако замине во Турција

Поранешниот тренер на Милан, Марко џампаоло се наоѓа пред нов ангажман.

Италијанецот е без работа од октомври 2019. година кога Милан му врачи отказ после само седум кола во Серија А, а сега би можел да се проба во Турција.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Тамошните медиуми пишуваат дека Џампаоло е еден од кандидатите за клупата на Фенербахче, а челниците на овој клуб сакаат што поскоро да се вратат на старите патеки.

Преговорите се веќе во тек, а доколку замине во Истанбул ќе му направи услуга и на Милан, кој мора да го плаќа се до 2021. година.

На тој начин Милан во касата ќе зачува четири милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Oвен: Ливерпул и понатаму е најдобар тим во Премиер лигата, само сега не играат добро

Мајкл Овен смета дека Ливерпул и понатаму е најдобриот тим во Премиер лигата и тврди дека …