Дома Фудбал Лига на шампиони Ќе игра ли Роналдо против Барселона? Јувентус испратил документација до УЕФА

Ќе игра ли Роналдо против Барселона? Јувентус испратил документација до УЕФА

Кога беа извлечени групите од Лигата на шампионите на големо се најавуваше судирот на Меси и Роналдо за натпреварите Јувентус и Барселона.

Јувентус и Барселона ќе играат следната недела во Торино, но настапот на Роналдо за овој меч е доведен под знак прашалник бидејќи Португалецот е позитивен на Ковид-19.

Како што сега стојат работите Роналдо ќе добие зелено светло да игра против Барселона и тоа благодарение на УЕФА протоколот.

Според протоколот на УЕФА играчот може да се најде на списокот за еден меч ако нема симптоми и се чувствува добро. Роналдо денес објави видео на Инстаграм на кое се гледа дека е добро и нема симптоми. Во меѓувреме Јувентус испрати документација до УЕФА.

Како и да е сепак, клучно ќе биде тестирањето пред натпреварот. Ако тој тест на Роналдо биде негативен тогаш ќе може да игра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Одговор од Неапол на шокантната изјава на Кабрини: Ако Песото беше во Наполи немаше да се фрли од зграда

Диего Марадона го напушти овој свет пред шест дена, но за него и понатаму се пишува и се о…