Според последните информации од Островот, Манчестер Сити влегол во трката за Даклан Рајс.
Имено, како што пренесуваат англиските медиуми, „граѓаните“ се спремни да испратат понуда од 100 милиони фунти и изгледа дека за таа сума Вест Хем е спремен да го продаде својот капитен. Освојувачот на Конференциската лига веќе потврди дека Рајс сака нов предизвик, но се уште не е познато каде ќе продолжи.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Арсенал подолго време се обидува да го доведе, а последната понуда која беше испратена изнесуваше околу 90 милиони фунти, беше одбиена.
Сити сака да го доведе англискиот репрезентативец како замена за Илкај Гундоган кој избра кариерата да ја продолжи во Барселона. Арсенал не сака да се откаже и се шпекулира дека му нуди поголема плата од онаа во Сити.
Третиот клуб заинтересиран за Рајс е Манчестер Јунајтед, но „црвените ѓаволи“ не се спремни да одат толку далеку и приоритет за тимот на Тен Хаг е засилување во нападот.