Дома Видео Јута продолжува со победите, Нетси подобри од Вориорс

Јута продолжува со победите, Нетси подобри од Вориорс

Јута Џез продолжува со одличните игри и со победата против Мајами го потврди статусот на екипа со најдобар учинок во НБА (22:5).

Џез синоќа на домашен паркет ја победи екипата од Флорида со 112:94. Натпреварот го решија на почетокот од третата четвртина кога направија +21 (63:42).


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Донован Мичел со 26 и Бојан Богдановиќ со 19 поени го предводеа домашниот тим во победата, а кај гостите со 23 поени најефикасен беше Нан.

Бруклин на гостувањето беше подобар од Голден Стејт со 117:134, на чело со добрата партија на Кевин Дурант против својот поранешен клуб.

Дурант натпреварот го заврши со 20 поени веднаш зад најефикасниот играч Ирвинг со 23 поени. Кај Вариорс со 27 поени најдобар беше Стеф Кари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Француски скијач во тежок пад остана без два заба 🎥

Французинот Клеман Ноел ко јсезонава победи на два слалома во вчерашниот велеслалом зарабо…