Дома Трансфер зона Јури Жирков и на 38 години пронајде нов клуб

Јури Жирков и на 38 години пронајде нов клуб

Поранешниот репрезентативец на Русија Јури Жирков ја заврши потрагата по нов клуб.

38-годишниот фудбалер е слободен од јули минатата година откако заврши неговиот престој во Зенит. Жирков сега потпиша договор со Химки до крајот на сезоната со опција тој да биде продолжен на уште една.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Жирков е вистинска легенда на рускиот фудбал и собра 105 натпревари за руската репрезентација. Кариерата ја започна во Спартак Тамобв, потоа играше за ЦСКА Москва каде што го привлече вниманието и направи трансфер во Челзи. Во Русија се врати во 2011 година и тоа во Анжи, пет сезони помина во Динамо Москва, па пет во Зенит.

Зад себе со Челзи има титули во Премиер лигата и ФА Купот во 2010 година. Со ЦСКА триумфираше во руската Премиер лига во 2005 и 2006 година, како и во Купот на УЕФА во 2005. Со Зенит три пати беше шампион на Русија, а два пати го освојуваше рускиот куп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал ја „краде“ големата желба на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…