Францускиот играч Пол Погба смета дека ништо не е завршено иако неговиот тим во првиот натпревар од полуфиналето во Лига Европа славеше против Рома со 6:2.
Рома водеше со 2:1 на полувреме, но на крајот доживеа дебакл и се чини дека остана без финале во ЛЕ.
Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?
„Резултатот е добар, но не е готово. Мора да бидеме внимателни во вториот натпревар и да одиграме во добро издание. Во првиот дел имавме две грешки и примивме два гола.“ – рече Погба и додаде:
„На полувремето рековме дека ќе ги исправиме работите. Сите бевме мотивирани да постигнеме што повеќе погодоци.“