Дома Трансфер зона Јунајтед почна преговори со младата ѕвезда на Ајакс

Јунајтед почна преговори со младата ѕвезда на Ајакс

Манчестер Јунајтед веќе работи на привлекување на првиот играч од Ајакс, кој е голема желба на тренерот Ерик тен Хаг.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Станува збор за 20-годишниот дефанзивец Јуриен Тимбер, чија цена се проценува на околу 35 милиони фунти.

Тимбер оваа сезона одигра 43 меча и се промовираше во еден од најголемите таленти во Европа, а Тен Хаг сака да го донесе на „Олд Трафорд“.

Неговата поливалентност е еден од основните квалитети бидејќи талентот може да игра на повеќе позиции во одбраната, како стопер и како десен бек.

Тен Хаг смета дека има огромен потенцијал и дека може да биде столб на одбраната во наредната деценија.

„Телеграф“ пренесува дека Манчестер Јунајтед започнал преговори со Ајакс и дека првата понуда била тешка 25 милиони фунти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…