Младиот талент на Манчестер Јунајтед, Амад Диало ќе се пресели на позајмица во Ренџерс до крајот на сезоната.




19-годишниот напаѓач пристигна на „Олд Трафорд“ минатиот јануари од Аталанта за 40 милиони евра, но не успеа да се наметне во првиот тим.




Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
И покрај сериозната сума која клубот ја плати за него, Диало оваа сезона имаше само еден повик за првиот тим.
Јунајтед одлучи дека најдобро ќе биде да го испрати на позајмица во клубот каде што ќе има поголема минутажа, а најсилен интерес за него покажа Ренџерс.




„Црвените ѓаволи“ продолжуваат да веруваат во талентот и во договорот со шкотскиот клуб не вклучиле опција за откуп на крајот на сезоната.