Дома Трансфер зона Јувентус ја следи ѕвездата на Атлетико Мадрид

Јувентус ја следи ѕвездата на Атлетико Мадрид

Италијанските медиуми пренесуваат дека Јувентус е сериозно заинтересиран за играчот на Атлетио и шпански репрезентативец, Саул Нигез.

„Старата дама“ бара адекватно засилување за средниот ред откако пропадна трансферот на Аксел Витсел, па Саул Нигез е на врвот на листата желби.


Лига Нации: Се освен прво место ќе биде катастрофа за Македонија! ↓↓↓


Скаутите на италијанскиот шампион постојано ги следат настапите на 22-годишниот Шпанец и се сметаат дека би бил одлично засилување за „старата дама“.

Моменталната вредност на играчот изнесува 40 милиони евра, сума која „бјанконерите“ се спремни да ја платат, но Атлетико тешко дека ќе се откаже од својата ѕвезда која има договор со нив до 2021 година.

Саул Нигез веќе стана стандарден репрезентативец на Шпанија, па можно е вечерва да настапи на „Јувентус стадион“ во натпреварот против Италија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ердон Даци има нов клуб

Maкедонскиот фудбалер, Ердон Даци има нов клуб во Белгија и ќе го носи дресот на Деинзе. В…