Jувентус има нова мета, а тоа е младата ѕвезда на Валенсија, Феран Торес, пренесуваат италијанските медиуми.
Младиот Шпанец го привлече вниманието на многу големи клубови ширум Европа, а Јувентус сака да ја победи конкуренцијата и да го донесе во Торино.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Торес има договор со Валенсија до 2021 година и во договорот има откупна клаузула од 100 милиони евра, но Јувентус сигурно ќе се обиде да ја намали цената бидејќи играчот на лето влегува во последната година од договорот.
Јувентус е во потрага по нов напаѓач бидејќи на лето најверојатно ќе се раздели со Игуаин, а „бјанконерите“ веруваат дека Торес би бил долгорочно решение за нападот.
Сепак, „старата дама“ ќе има жестока конкуренција бидејќи за Торес заинтересирани се уште Реал Мадрид и Ливерпул.
#Juventus, pressing intenso su #FerranTorres https://t.co/wdPQBchqTN
— Tuttosport (@tuttosport) April 3, 2020