Дома Фудбал Италија Јувентус со специјален дрес за Суперкупот (фото)

Јувентус со специјален дрес за Суперкупот (фото)

Јувентус потврди дека ќе игра со специјален дрес во мечот за Суперкупот на Италија против Лацио.

Мечот се игра во Ријад, Саудиска Арабија и токму тоа ги инспирирало „бјанконерите“ да излезат со дресови на кои имињата ќе бидат напишани со арапски букви.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Со овие дресови Јувентус уште еднаш сака да покаже дека е поблиску до сите фанови насекаде во светот. Сметаме дека со овој потег Суперкупот ќе го направиме уште поспецијален“, соопштија од клубот.

Во продажба ќе бидат пуштени само 500 дресови со специјални кутии и потписи на Кристиано Роналдо, Дибала, Матијас де Лихт, Пјаниќ и Киелини.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Челси ги отпиша играчите за кои плати повеќе од 100 милиони евра

Менаџерот на Челси, Енцо Мареска, потврди дека Рахим Стерлинг и Аксел Дисаси повеќе не се …