Јувентус неодамна го потврди доведување на бразилскиот фудбалер Даглас Луиз, а на средината на теренот пристигнува и Кефрен Тирам, но „старата дама“ нема намера да застане тука.
Според последните најави уште еден играч за врска ќе пристигне во Торино, а тоа е Теун Копмајнерс од Аталанта.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Холанѓанецот има фантастична сезона со Аталанта зад себе, а Аталанта одреди цена од 60 милиони евра. Копмајнерс, пак, ги договорил личните услови со Јувентус и се согласил за плата од 4.5 милини евра годишно, плус бонуси.
Останува само да се договорат Аталанта и Јувентус, а има опција и да се понуди некој од фудбалерите на кои Јувентус не смета.