Дома Фудбал Италија Јувентус го убедува Зидан да се пресели во Торино

Јувентус го убедува Зидан да се пресели во Торино

Јувентус внимателно ја следи ситуацијата со тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан и сака да го донесе во Торино.

Челните луѓе на „старата дама“ не кријат дека се незадоволни од работата на актуелниот тренер, Андреа Пирло, додека шпанските медиуми се убедени дека францускиот стручњак ќе си замине од „Сантијаго Бернабеу“ на крајот од актуелната сезона.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Јувентус веќе подолго време сака да го врати Зидан во своите редови и смета дека на лето ќе биде идеална шанса за тоа. Поради тоа „бјанконерите“ веќе почнаа да работат на тоа да го донесат Французинот на кормилото.

Директорот Павел Недвед е во постојан контакт со својот пријател Зидан и го убедува да седне на кормилото на Јувентус, а тоа нема да биде лесно бидејќи Зидан во моментов размислува да земе одмор од најмалку една година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Тетоважа што ќе го расплаче целиот свет: Диого Жота не е заборавен (Видео)

За жал, Диого Жота повеќе не е меѓу нас, но очигледно е дека тој нема да биде заборавен. П…