Италијанскиот лев бек Леонардо Спинацола денес и официјално беше претставен како нов фудбалер на Јувентус.
Бившиот играч на Аталанта изјави дека е пресреќен и за него е остварување на сонот да го облече црно-белиот дрес.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Денес се оствари мојот сон. Долги години ја чекав оваа шанса. Среќен сум што на крајот успеав да се вратам во овој клуб. Јувентус е секогаш бил место каде што сакам да бидам. Никогаш не сум размислувал за други клубови“, изјави Спинацола.
„Мојата физичка состојба е добра, започнав да трчам. Сега треба да продолжам да работам за што поскоро да се рехабилитирам од повредата. Очекувам да се вратам на терените во октомври или ноември“, додаде левиот бек кој ќе го носи дресот со број 37.
#Juventus: #Spinazzola in posa con la sua nuova maglia // Spinazzola is posing with his new jersey ⚪️⚫️ @GoalItalia pic.twitter.com/IuIG5bq9hz
— Romeo Agresti (@romeoagresti) July 19, 2018