Дома Останати Кошарка Јокиќ пишува историја – она што тој го направи им успеа само уште на петмина!

Јокиќ пишува историја – она што тој го направи им успеа само уште на петмина!

Настапот на Никола Јокиќ против Милвоки е вест на денот во сите светски медиуми.

Најбрзиот трипл-дабл во историјата остварен за само 14 минути и 33 секунди му обезбеди место на Србинот во историјата на НБА лигата.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Колку големо достигување се 30 поени, 15 скокови и 17 асистенции на многумина ќе им стане јасно после податокот дека со најмалку 30 поени, 15 скокови и 15 асистенции трипл-дабл оствариле само уште петмина кошаркари во НБА лигата.

Пред Јокиќ ова им успеа само на Оскар Робертсон, Вит Чемберлејн, Лери Бирд, Меџик Џонсон, а од активните играчи тоа му успеа само уште на Џејмс Харден.

После ова јасно е дека Јокиќ има потенцијал да испишува историја во НБА.

nba

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Селекторот на македонската кошаркарска селекција Илиевски поднесе оставка

Селекторот на македонската машка кошаркарска репрезентација Марјан Илиевски поднесе денеск…