Дома Останати Кошарка НБА Јокиќ одличен во поразот на Денвер од Индијана (ВИДЕО)

Јокиќ одличен во поразот на Денвер од Индијана (ВИДЕО)

Кошаркарите на Индијана го победија Денвер на гости со пресврт во финишот со резултат 107:115.

Никола Јокиќ за Денвер одигра одличен натпревар, меѓутоа тоа не им помогна на Наџентси. Српскиот центар натпреварот во Коларадо го заврши со 30 поени, 10 скоквои и 4 асистенции.

Домаќините водеа од првата минута, па се до финишот од натпреварот во „Пепси центарот“.

На неколку пати во третата четвртина имаа и двоцифрен број на поени, меѓутоа како што се наближуваше натпреварот кон крајот тимот на Мајк Малони играше се полошо.

Тоа Пејсерси го искористија и прво кон средината на последната четвртина изедначија, а потоа дојдоа до предност од 104:99. Од тој момент Денвер не се врати во игра.

Покрај Јокиќ во домашната екипа по 16 поени имаа Вил Бартон и Џереми Грент, 13 постигна Мејсон Пламли. Индијана до победата ја предводеше Домантас Сабонис кој оствари трипл-дабл со 22 поени, 15 скокови и 10 асистенции. Ист број на поени имаше Ти Џеј Ворен, додека еден помалку уфрли Дак Макдермот.

Наџентси сега имаат скор од 29-13 како и Јута, додека Пејсерси се на 28:15.

Во натпреварот кој се одигра порано Сан Антонио славеше против Мајами со 107:102.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Меси стана прв фудбалер кој ја добил „Лауреус наградата“

Луис Хамилтон и Лионел Меси се добитници на овогодинешната награда „Лауреус“. Оваа награда…