Дома Македонски спорт Јелена Антиќ по ФИБА „Челенџерот“: Оваа група девојки ги краси упорност и желба!

Јелена Антиќ по ФИБА „Челенџерот“: Оваа група девојки ги краси упорност и желба!

Јелена Антиќ, предводникот на нашата женска јуниорска селекција има свои размислувања по завршувањето на ФИБА „Челенџерот“ во Софија во кој остваривме ефект од две победи и три порази.

„Многу ми е драго за овие девојки што успеаа да остварат две победи. Не беше лесно, особено после повредата на Ана Цветковска која е сигурно еден од лидерите на оваа генерација. Но оваа група на девојки ја краси една упорност и желба и среќна сум што почуствуваа дека можат да покажат многу повеќе од тоа што покажувале до сега во изминатите години“.

Селекторот на репрезентацијата „Под 18“ години смета дека оние две победи се доста важни за нашата селекција, но и дека тука „не е крајот на приказната“…

„Остваривме две победи и три порази. Но и против екипите на Украина и Бугарија сметам дека покажавме една солидна и коректна игра. Едноставно недоволната физичка подготвеност и можеби неискуството беше пресудно. Сакам да напоменам дека не смееме да се задоволуваме со еден ваков скор. Ова треба да биде поттик и додатна мотивација за нив, да продолжат да тренираат и да вложуваат во себе, во исто темпо како во изминатите месец и пол дена“ – ја затвора Антиќ софиската „приказна“  на нашата женска јуниорска репрезентација.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Mирко Ивановски стана спонзор на женски фудбалски клуб во Битола

Поранешниот македонски репрезентативец, Мирко Ивановски после седум години се врати во Ром…