Дома Фудбал Англија Ја продаде Астон Вила пред три години, а сега поради враќањето во Премиер лигата си доби 30 милиони фунти

Ја продаде Астон Вила пред три години, а сега поради враќањето во Премиер лигата си доби 30 милиони фунти

Aстон Вила вчера на „Вембли“ го победи Дерби со 2:1 и обезбеди влез во Премиер лигата.

Славниот англиски клуб се врати во најсилната англиска конкуренција после три години борба во Чемпионшип. Освен што ќе има повторно да игра со најсилните англиски тимови, Астон Вила од ТВ правата си обезбеди најмалку 10 милиони фунти.

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


Покрај навивачите успехот на клубот имаше добра причина да го слави и поранешниот сопственик на овој клуб Ренди Лернер.

Лернер во 2016 година за 76.2 милиони фунти после испаѓањето на овој клуб во Чемпионшип го продаде клубот на кинескиот бизнисмен Тони Хи.

Меѓутоа Лернер во договорот за продажба вградил клазула според која ќе добие 30 милиони евра доколку Астон Вила во следните три сезони се врати во Премиер лигата.

Натпреварот против Дерби беше негова последна надеж дека тој бонус ќе биде активиран.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Астон Вила му врати на навивачот на Јунајтед кој чека пет победи за фризура

АСТОН ВИЛА со победата од 2:1 против Манчестер Јунајтед го продолжи својот импресивен побе…