Македонскиот напаѓач Адис Јаховиќ во текот на вчерашниот ден направи трансфер од редовите на Гозтепе во Коњаспор клуб кој што се бори за опстанок во труската лига, но и клуб кој има големи амбиции.
Какви амбиции има овој клуб покажува и фактот што денес во клубот пристигна големиот Самуел Ето кој ќе му биде соиграч во нападот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Секако, Јаховиќ е пресреќен што покрај себе во нападот ќе има ѕвезда каква што е Самуел Ето, а своето задоволство го искажа и на социјалните мрежи.
„Одлично е да се има соиграч како тебе“, стоеше на фотографијата која Јаховиќ ја објави на друштвените мрежи.