Дома Останати „Јас сум геј и олимписки шампион“

„Јас сум геј и олимписки шампион“

Репрезентацијата на Велика Британија во синхрони скокови во вода од 10 метри направи сензација и стигна до златниот медал покрај доминантната Кина. Првпат уште од Сиднеј Кинезите не се шампиони во оваа дисциплина.

Освен по големиот успех Велика Британија дојде до центарот на вниманието поради изјавата на репрезентативецот Том Дејли. Дејли има 27 година, тој поранешен светски шампион, а покрај спортската има и успешна кариера на јутубер.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


По освојувањето на медалот тој и јавно порача дека е геј.

„Јас сум геј и исто така олимписки шампион. Се чувствувам моќно поради тоа. Кога бев млад не мислев дека ќе стигнам до ваков успех. Имам златен олимписки медал околу вратот после толку години, Многу ме отпишуваа и зборуваа дека поминати се моите најдобри години и дека не сум во најдобра физичка форма. Менталитетот е она што не доведе до златото“, изјави Дејли.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Македонска гордост: Даниела Алексоска со брз финиш славеше на „Армада 14“ (Видео)

Македонската ММА натпреварувачка Даниела Алексовска со стил стигна до голема победа на нас…