Дома Останати Тенис Јанко Типсаревиќ кажа крај: Нема да напишам говор после кој сите ќе плачете

Јанко Типсаревиќ кажа крај: Нема да напишам говор после кој сите ќе плачете

0

Jaнко Типсаревиќ донесе важна животна одлука.

Еден од најдобрите српски тенисери на сите времиња, Јанко Типсаревиќ одлучи да стави крај на активното играње тенис по крајот на оваа сезона.

Тој се огласи на друштвените мрежи и порача дека е време за крај.

„Тоа беа прекрасни 16 години. После голема потрага за душата и мислење што е најдобро за мене во овој стадиум од животот и што ме прави среќе одлучив да се повлечам од тенисот. Нема да напишам срцепарателен говор каде што сите ќе плачете, бидејќи имам се уште тенис во себе. После УС Опен следната недела и неколку АТП турнири моето последно натпреварување ќе биде Дејвис Купот во Мадрид“

„Во наредните години мојот фокус ќе биде на семејството, тениската академија и водењето тренинзи во странство неколку недели во текот на огдините. Ви благодарам на поддршката“, напиша Типсаревиќ во соопштението.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Беретини го совлада Тим за историска победа

Матео Беретини во третиот меч дојде до првата победа во дебитантскиот настап на завршниот …