Фудбалерите на Барселона во моментов се во Саудиска Арабија каде што ќе играат во финалето на шпанскиот Суперкуп против Реал Мадрид. Овој натпревар се игра во недела, а шпанските медиуми пишуваат дека еден од играчите на каталонскиот клуб може да остане во Саудиска Арабија и таму да ја продолжи кариерата.
Каталонците во среда навечер успеаја да го победат Атлетик Билбао со 2:0 во полуфиналниот натпревар од Суперкупот, па во финалето ќе го гледаме „Ел Класико“ бидејќи Реал Мадрид синоќа беше подобар од Мајорка.
Колку може подмладената Македонија на Лазаров на СП!? ↓↓↓
Финалниот натпревар од шпанскиот Суперкуп се игра во недела со почеток во 20 часот, а ден подоцна играчите на двата клуба ќе се вратат во Шпанија каде што ги чека продолжение од натпреварите во домашното првенство и Лигата на шампионите.
Сепак, како што наведуваат шпанските медиуми, не е невозможно еден од играчите на Барселона да остане во Саудиска Арабија и таму да ја продолжи кариерата.
Станува збор за холандскиот играч на средината Френки Де Јонг кој се наоѓа на трансфер листата, а во Барселона сакаат што побрзо да го решат неговиот статус бидејќи стана јасно дека нема намера да го продолжи договорот со Каталонците.
Тој веќе се поврзува со неколку клубови од Англија, а сега се појави информација дека еден клуб од Саудиска Арабија сериозно го сака Де Јонг и дека е подготвен да го купи Холанѓанецот до крајот на јануарскиот трансфер период.