Дома Фудбал Ѕвездата на Барселона: Тие што мислат дека не знам да играм фуднал – не разбираат ништо!

Ѕвездата на Барселона: Тие што мислат дека не знам да играм фуднал – не разбираат ништо!

Фудбалерот од средниот ред на Барселона Гави се појави на прес-конференција пред првиот натпревар од четвртфиналето во Лигата на шампионите против Борусија Дортмунд (среда, 21 часот, Камп Ноу). Гави оваа сезона има 29 настапи, три гола и три асистенции, и одигра 1163 минути за Барселона. Според Трансфермаркт вреди 70 милиони евра.

Каков однос имаш со тренерот?

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Одлично се разбираме. Тој знае низ каква повреда поминав. Кога немаш играно една година, не е лесно. Но, со оглед на сето тоа, сезонава ми е навистина одлична. Среќен сум. Тренерот ми објасни дека не можам секогаш да бидам стартер и го прифатив тоа.

На која позиција се чувствуваш најудобно?

Играм на повеќе позиции во средниот ред и мислам дека тоа е добро. Вистина е дека тренерот најчесто ме гледа како офанзивен везен, но знае дека можам да играм и како шестица или во пар на средина. Целта ми е да напредувам. Колку повеќе позиции покривам, толку подобро.

Дали се чувствувате непобедливо?

Имаме спектакуларна сезона, но не се чувствуваме непобедливи. Ова е фудбал – мораш да му пристапиш со скромност и да бидеш свесен од каде доаѓаш. Сакаме да освоиме што повеќе трофеи, но мораме да одиме чекор по чекор.

Дали чувствуваш дека навивачите се возбудени?

Секако дека се возбудени. Но, ние мораме да останеме смирени и сега да се концентрираме само на Борусија Дортмунд. Тука сме за да им донесеме радост на навивачите.

Се сеќаваш ли на првата тројна круна на Барселона?

Не се сеќавам баш… Но, кога си во Ла Масија, секогаш сонуваш да ја освоиш Триплетата или Секступлетот. За мене, ова е најдобриот клуб на светот и ќе дадам сè од себе да го оствариме тоа.

Што ти беше најтешко – да не тренираш или да не бидеш на 100 проценти?

Откако се вратив, физички сум на 100 проценти. Друга работа е дали во некои натпревари сум поопуштен од во други. Но, од враќањето сум спокоен и задоволен од тоа како играм.

Дали повредата ти го промени стилот на игра?

На теренот се гледа дека не сум се променил и тоа ми е важно. Смирен сум и среќен што се вратив. Вистина е дека некои играчи никогаш не се враќаат исти, но јас знам што можам и каков ми е менталитетот, тоа е клучно. Сакав да се вратам како истиот играч каков што бев – и мислам дека успеав во тоа.

Фото: Barcelona FC/FB
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Милојевиќ: Многу емоции, се надевам дека Звезда повторно ќе гостува тука по некој друг повод

Црвена Звезда вечерва во Скопје го победи Вардар со 1-3, а по натпреварот пред медиумите з…