Дома Останати Тенис Ѓоковиќ го прекршил законот во Шпанија, а веќе му е изречена и парична казна

Ѓоковиќ го прекршил законот во Шпанија, а веќе му е изречена и парична казна

Најдобриот српски тенисер, Новак Ѓоковиќ, доби казна за прекршување на законот во Шпанија.

Станува збор за казна поради незаконска градба на неговата вила во Шпанија и мора да плати казна од 5.000 евра.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Според пишувањето на шпанскиот медиум „Marbella 24“, Новак без дозвола направил промени на куќата, чија вредност е проценета на 10 милиони евра.

„Општинскиот совет на Марбела од февруари 2024 година има отворен предмет за урбанистичка легализација против српскиот тенисер и неговата сопруга”, стои во текстот на шпанскиот медиум.

Се наведува дека ова му е втора казна од 5.000 евра на Ѓоковиќ за истиот прекршок, и дека не ја презентирал неопходната документација – ниту ја урнал спорната градба.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Кошмарен почеток на УС-Опен за Ѓоковиќ и Даниловиќ – издржаа само 45 минути

Српските тенисери Новак Ѓоковиќ и Олга Даниловиќ не успеаја да се пласираат во второто кол…