Ѓорѓе Чирковиќ е нов тренер на македонскиот ракометен колектив, Еурофарм Работник. Клубот го потврдува договорот потпишан денес во Белград и со назначувањето на младиот српски стручњак го комплетира ростерот за следната сезона.

43-годишниот Чирковиќ е селектор на кадетската репрезентација на Србија, а во клупскиот ракомет ги водеше екипите на Војводина, Жезелничар, Партизан, Илиопулис, Југович Каќ и Доброгеа Суд од Констанца. Прогласен е за најдобар српски тренер во 2014 година, а првенството и Купот на Србија го освојувал и со Партизан и со Војводина.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Новиот тренер наскоро ќе допатува во Битола и ќе ги почне подготовките за новата сезона во која Еурофарм Работник ќе игра во ЕХФ Купот. Чирковиќ ќе го наследи Илија Темелковски кој останува да работи во клубот како советник и координатор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Нов ранкинг на ЕХФ: Еве на кое место се наоѓа Македонија

Европската ракометна федерација (ЕХФ) го објави најновото издание на ранг-листата на нацио…