Дома Останати Ѓоковиќ со пресврт во полуфинале во Доха! (видео)

Ѓоковиќ со пресврт во полуфинале во Доха! (видео)

Новак Ѓоковиќ се пласираше во полуфиналето на АТП турнирот во Доха, откако со 2:1 во сетови го победи Грузијецот Басијашвили.

Басијашвили одигра одличен прв сет, во 10. гем ја искористи втората сет топка и го доби првиот сет со 6:4.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Но, потоа Ѓоковиќ заигра многу подобро во решавачките моменти. Уште на стартот од вториот сет освои брејк и потоа ја сочува предност и го заврши вториот сет со 6-3.

Неизвесно беше и во третиот сет, каде Ѓоковиќ направи еден бејк, кој беше доволен за победа и пласман во полуфиналето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Алкараз се измачи против Фоњини на стартот на Вимблдон

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз со многу напор успеа да обезбеди пласман во второто коло …