Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ денеска се повлече од Ролан Гарос поради повреда на коленото
Според првите прогнози опоравувањето би можело да трае најмалку четири недели, а во најлош случај и шест месеци.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Ѓоковиќ го скинал медијалниот менискус, што ќе го оддалечи извесно време од терените подолго време.
Со оглед на тоа што Вимблдон е веќе за неполн месец, а Олимписките игри се за месец и половина, речиси и да нема теоретски шанси тој да игра на овие два турнири.
Олимписките игри се во август, а тоа е единственото одличје кое му недостасува на Србинот, па останува да видиме дали ќе успее да се опорави до тогаш.